• сабота, 21 декември 2024

Иранскиот ајатолах Хамнеи ја одржа својата прва јавна проповед по четири години

Иранскиот ајатолах Хамнеи ја одржа својата прва јавна проповед по четири години

Teхеран, 4 октомври 2024 (МИА) - Иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи ги повика муслиманските нации да „заврзат одбранбен појас“ од Авганистан до Јемен и од Иран до Газа и Либан. Тој говореше додека ја водеше петочната молитва во Иран за прв пат по четири години.

Во согласност со иранската традиција, тој го одржа својот говор со пушка покрај себе.

Тој рече дека непријателот на Иран е ист како непријателот на палестинската држава, Либан и другите муслимански народи.

Тој додаде дека нападот на 7 октомври на Хамас врз Израел - за време на кој Израел соопшти дека околу 1.200 луѓе биле убиени, а 250 биле земени како заложници во Газа - е легитимен чин, како и нападот на Иран врз земјата оваа недела.

Неговите изјави доаѓаат помалку од една недела откако Хасан Насрала, водачот на либанската милитантна група Хезболах, беше убиен во израелски воздушен напад.

„Иран повторно ќе го нападне Израел доколку е потребно. Билијантната акција на нашите вооружени сили пред неколку ноќи беше целосно легална и легитимна“, рече Хамнеи.

Тој голем дел од својот говор посвети на Хезболах и Хасан Насрала, кој беше убиен од Израел во Бејрут минатиот петок. рп/

Фото: Скриншот Ал Џезира

Остани поврзан