• четврток, 20 февруари 2025

Хамилтон: И да освојам титула нема да застанам тука

Хамилтон: И да освојам титула нема да застанам тука

Лондон, 20 февруари 2025 (МИА) - Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, нема да се пензионира во случај да ја освои осмата шампионска титула.

- Ако имам среќа да освојам уште една титула, а тоа е секако нашата цел, нема да застанам тука. Работев со два тима кои освоија светски првенства. Знам како изгледа и како се чувствува победничкиот тим. Сите во Ферари се такви. Овде има страст што нема да ја видите никаде на друго место. Ферари имаат се што им е потребно за да победат, изјави Хамилтон за „Gpblog“.

Седумкратниот светски шампион во Формула 1 му се приклучи на италијанскиот тим по сезоната 2024, заминувајќи од Мерцедес. 

Минатата сезона, Британецот заврши на седмото место во генералниот пласман на возачи, со 223 поени. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан