• петок, 29 март 2024

Хамилтон: Болидот на Ред Бул е најбрзиот што сум го видел во животот

Хамилтон: Болидот на Ред Бул е најбрзиот што сум го видел во животот

Џеда, 20 март 2023 (МИА) – Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, изјави по трката во Саудиска Арабија дека болидот на Ред Бул е најбрзиот автомобил што кога и да е го видел во животот, пренесува денеска Скај спорт.

Седумкратниот светски првак неделата трка на патеката во Џеда ја заврши на петтата позиција.

„Дефинитивно не сум водел толку брз автомобил. Кога ние бевме брзи, не бевме толку брзи. Тоа е најбрзиот автомобил што сум го видел. Не знам како, но Ферстапен мина покрај мене со сериозна брзина и не можев ниту да се потрудам да го блокиран, бидејќи разликата во брзината беше огромна. Сите сакаат да видат изедначена битка, но тоа не е мој проблем, јас не сум виновникот што не е така“, изјави Британецот Хамилтон.

Тој додаде дека перформансите на болидот на Мерцедес сè уште заостануваат зад болидот на Ред Бул.

„Се надеваме дека ќе можеме да добие некоја надградба што е можно поскоро и да се обидеме да го намалиме тој јаз“, рече Хамилтон. ег/

Фото: Твитер

Остани поврзан