Хамес може да ја продолжи кариерата во Наполи
- Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Хамес Родригез може да замине во Наполи, јавува Би-би-си, повикувајќи се на шпански „АС“.
Мадрид, 26 јуни 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Хамес Родригез може да замине во Наполи, јавува Би-би-си, повикувајќи се на шпански „АС“.
Според изворот, 28-годишниот Колумбиец не ја исклучува можноста да се пресели во италијанскиот тим, кој сакаше да го ангажира уште минатата година.
За фудбалерот е заинтересиран и Атлетико.
Родригез во сезоната 2019/20 настапи на 14 натпревари за Реал Мадрид, има еден гол и две асистенции.
Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува цената на фудбалерот на 32 милиони евра. зс/