• петок, 05 декември 2025

Хамас ја презеде одговорноста за смртоносниот напад во Ерусалим

Хамас ја презеде одговорноста за смртоносниот напад во Ерусалим

Газа, 9 септември 2025 (МИА) – Военото крило на палестинското исламско движење Хамас ја презеде одговорноста за вчерашниот напад во Ерусалим, во кој беа убиени шест Израелци.

- Бригадите Ал Касам ја преземаат одговорноста за нападот што се случи во понеделник наутро во близина на раскрсницата на населбата Рамот, се вели во соопштението.

Шест лица беа убиени, а 12 повредени кога палестински напаѓачи, според податоците на израелските власти, пукале врз луѓе на автобуска станица во Ерусалим.

Еден израелски војник и цивили убија двајца напаѓачи, соопшти полицијата, која подоцна уапси трето лице поврзано со нападот.

Нападот на главната раскрсница на патот кон еврејските населби во источен Ерусалим е најсмртоносен во Израел од октомври 2024 година. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан