• недела, 22 декември 2024

Хамас: Се уште нема договор за продолжување на примирјето

Хамас: Се уште нема договор за продолжување на примирјето

Бејрут, 29 ноември 2023 (МИА) – Високиот претставник на Хамас во Либан Осама Хамдан изјави вели дека сè уште не е постигнат договор за продолжување на привремениот прекин на огнот во Газа и оти групата не смета дека понудата на Израел вреди да се разгледа.

- Напорите за продолжување на примирјето сè уште не се созреани, а што се однесува до понудата што ни беше дадена за продолжување на примирјето, не сметаме дека е достојна да ја проучуваме, изјави Хамдан за информативниот портал Ал-Мадајин, поврзан со Хезболах.

Тој додаде дека „отпорот е подготвен, а ако продолжи примирјето и Хамас ќе продолжи со примирје, но подготвен е за секаква можност по завршувањето на прекинот на огнот“.

Според Хамдан, она за што сега се зборува е „запирање на агресијата и укинување на опсадата на Газа, а потоа ќе се разговара за размена на затвореници“, истакнувајќи дека „нема да се зборува за размена на воените затвореници на Хамас пред да се запре агресијата и да се укине опсадата на Газа“.

Примирјето, кое првично требаше да заврши во понеделникот, беше продолжено за два дена и ќе истече утре наутро доколку не се постигне договор за дополнително продолжување. јт/

Фото: Ал Мадајин

Остани поврзан