• петок, 05 декември 2025

Хамас и медијаторите немаат напредок во разговорите во Доха за примирје во Газа

Хамас и медијаторите немаат напредок во разговорите во Доха за примирје во Газа

Каиро, 9 мај 2025 (МИА) – Нема напредок во разговорите за прекин на огнот во Појасот Газа меѓу делегацијата на Хамас со египетските и катарски посредници во Доха, објави денеска АФП, повикувајќи се на извори блиски до палестинското исламистичко движење.

Средбите се одржале вчера и завчера.

Египетските претставници вклучени во разговорите се сретнаа двапати со делегацијата на Хамас предводена од главниот преговарач Калил ал-Хаја и катарските претставници за време на разговорите, додадоа истите извори.

Како што беше кажано, преговорите беа „сериозни“, но не доведоа до „опиплив напредок“.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан