• вторник, 23 јули 2024

Хамас: Израел го крши примирјето, ние и натаму сме посветени на прекинот на огнот

Хамас: Израел го крши примирјето, ние и натаму сме посветени на прекинот на огнот

Газа, 28 ноември 2023 (МИА) - Хамас денеска го обвини Израел за „флагрантно кршење на примирјето“ во северниот дел на Појасот Газа, но додаде дека „организацијата сè уште е посветена на прекинот на огнот, се додека и непријателот е посветен“. 

Американските медиуми пренесуваат дека Хамас преку соопштение ги повика посредниците да интервенираат со цел да се продолжи прекинот на огнот.

Во соопштението се наведува дека „дејствата на Израел доведоа до одмазда“ од страна на борците на групата. 

Претходно, израелските вооружени сили (ИДФ) објавија дека „неколку војници се полесно повредени“ во Појасот Газа, откако три експлозивни направи биле активирани покрај нив на две различни локации. Наведено е и дека на една од локациите членови на Хамас отвориле оган врз израелските војници, кои возвратиле.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан