• сабота, 18 мај 2024

Хамас: Израелската армија го уапси директорот на најголемата болница во Газа

Хамас: Израелската армија го уапси директорот на најголемата болница во Газа

Газа, 23 септември 2023 (МИА) - Директорот на најголемата болница во Газа е уапсен од страна на израелските одбранбени сили, соопшти Министерството за здравство предводено од Хамас.

- Д-р Селмеја, директорот на болницата Ал Шифа, како и дел од медицинскиот персонал кој се уште е присутен во болницата, се уапсени, изјави портпаролот на Министерството Ашраф ал Кудра.

Објектот беше главниот фокус на израелската копнена операција во северниот дел на Газа, а војската изврши упад минатата недела.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) тврдат дека Хамас користи комплекс од тунели под болницата за да организира напади и да крие заложници, што милитантната група го негира.  ссм/

фото: архива

Остани поврзан