• недела, 12 мај 2024

Хамас: „Доказите“ што ги покажа израелската армија се „смешни“

Хамас: „Доказите“ што ги покажа израелската армија се „смешни“

Газа, 15 ноември 2023 (МИА) – Функционерот на Хамас, Басем Наим, за Ал Џезира зави дека групата очекувала, како што рече, израелски „скици“ и „театралност“ во болницата Ал Шифа.

Неговата изјава беше одговор на израелските наводи дека нивните сили пронашле оружје во комплексот.

Наим ги нарече израелските тврдења „фарса“, додавајќи дека групата не ја исклучува можноста армијата да донела оружје и да го поставила во болницата Ал Шифа.

- Доказите што ги презентира армијата се смешни и безвредни. Израел уште еднаш не успеа да го докаже она што го тврди со недели. Целта на Израел е да изврши притисок врз болниците и медицинскиот персонал и да го раселува населението, рекол тој. јт/

Фото: ИДФ на Х, скриншот

Остани поврзан