Халилхоџиќ не сака на клупата на БиХ
- Искусниот фудбалски стратег Вахид Халилхоџиќ ја отфрли можноста да ја преземе должноста селектор на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, од која вчера беше сменет Мехо Кодро.
Сараево, 22 септември 2023 (МИА) – Искусниот фудбалски стратег Вахид Халилхоџиќ ја отфрли можноста да ја преземе должноста селектор на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, од која вчера беше сменет Мехо Кодро.
„Ваха не е кандидат и нема да биде селектор на БиХ“, изјави 70-годишниот Халилхоџиќ за сараевскиот весник „Дневни аваз“, по медиумските шпекулации дека ќе биде наследникот на Кодро.
Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина одлучи му врачи отказ на Кодро (49), кој на должноста остана само два натпревари, идентично како и во 2008 година.
Кодро седна на клупата на БиХ на почетокот на август на местото на Фарук Хаџибегиќ и ја предводеше репрезентацијата на натпреварите против Лихтенштајн (2-1) и Исланд (0-1) во рамки на квалификациите за пласман на ЕУРО2024. ег/рп/
Фото: Фејсбук