• петок, 05 јули 2024

Халеп против Плишкова во финалето на ВТА турнирот во Рим

Халеп против Плишкова во финалето на ВТА турнирот во Рим
Рим, 20 септември 2020 (МИА) – Првата и втората носителка, Романката Симона Халеп и чешката тенисерка Каролина Плишкова ќе играат во завршниот меч на ВТА турнирот во Рим. Ова е епилогот по денешните полуфинални дуели во кои Халеп ја победи Гарбиње Мугуруза со 2-1 (по сетови 6:3, 4:6 и 6:4), додека Плишкова беше поуспешна од Маркета Вондрушова со 2-0 (6:2 и 6:4). Турнирот во Рим се игра за награден фонд од два милиони долари. Финалето е закажано за утре со почеток во 14:30 часот. зс/

Остани поврзан