• понеделник, 25 ноември 2024

Халанд размислува да замине од Сити поради Гвардиола

Халанд размислува да замине од Сити поради Гвардиола

Манчестер, 6 февруари 2023 (МИА) – Напаѓачот на Манчестер сити и норвешки репрезентативец Ерлинг Халанд би можел да го напушти англискиот првак поради влошени односи со тренерот Пеп Гвардиола, објави денеска шпанскиот весник „Насионал“.

Истиот извор наведува дека во соблекувалната на Сити владее нарушена атмосфера поради резултатите во изминатите неколку месеци. Манчестер сити беше елиминиран од Саутемптон во Лига купот, по што беше поразен од градскиот ривал Манчестер јунајтед, а вчера загуби на гостувањето кај лондонски Тотенхем.

„Напаѓачот кој постигна 31 голови на 27 натпревари не е задоволен од начинот на кој игра Сити. Можеби звучи апсурдно, бидејќи на Халанд очигледно тој систем му одговара, но факт е дека Жоао Кансело г напушти клубот поради лошите односи со Гвардиола, а и Бернардо Силва размислува да ја смени средината“, наведува „Насионал“.

Халанд лани дојде во Манчестер сити од Борусија Дортмунд за 60 милиони евра. ег/јт/

Остани поврзан