• четврток, 15 мај 2025

Халанд повторно тренира со првиот тим

Халанд повторно тренира со првиот тим

 

Манчестер, 30 април 2025 (МИА) – Фудбалерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, се врати на тренинзите со првиот тим откако се закрепне од повредата на глуждот, објави денеска англискиот клуб.

Дваесетичетиригодишниот Норвежанецот се повреди на 30 март во победата против Борнмут (2:1) во четвртфиналето од ФА Купот, а оттогаш тренира според индивидуална програма.

Халанд постигна 39 голови за клубот и репрезентацијата оваа сезона, а сè уште не е познато кога ќе се врати на теренот. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан