• петок, 05 декември 2025

Хадсон-Одои сака да го напушти Челзи

Хадсон-Одои сака да го напушти Челзи
Лондон, 24 септември 2020 (МИА) - Играчот за врска на Челзи, Калум Хадсон-Одои, сака да замине на позајмица во друг клуб, објави „talkSPORT“. Претходно во медиумите имаше информација дека главниот тренер на лондончани Френк Лампард сака 19-годишниот Англичанец да игра некаде каде ќе добива поголема минутажа, па едногодишниот закуп би бил логична опција. Баерн е една од опциите за продолжување на кариерата на Хадсон-Одои. Минатата сезона фудбалерот забележа 22 настапа во Премиер лигата за Челзи, постигнувајќи еден гол и реализирајќи пет асистенции. зс/

Остани поврзан