Хагари: На територијата на Израел веќе нема борби
- Воениот портпарол, меѓутоа, не ја исклучи можноста на територијата на Израел да има, да се кријат, повеќе милитанти на Хамас.

Тел Авив, 9 октомври 2023 (МИА) - Портпаролот на израелската армија, Даниел Хагари, денеска соопшти дека во моментов веќе нема борби на територијата на Израел и дека израелските сили ги контролираат сите населени места, пренесува Гардијан.
Воениот портпарол, меѓутоа, не ја исклучи можноста на територијата на Израел да има, да се кријат, повеќе милитанти на Хамас. сд/
фото: МИА архива