Хаверц за критиките на Потер: Стотици тренери во Англија мислат дека секој знае подобро од него
- Играчот од средниот ред на Челзи, Каи Хаверц ги коментираше критиките на тренерот на лондонци Греам Потер.

Лондон, 9 март 2023 (МИА) - Играчот од средниот ред на Челзи, Каи Хаверц ги коментираше критиките на тренерот на лондонци Греам Потер.
- Имаме стотици менаџери во Англија кои мислат дека сите знаат подобро од него. Но, тој е многу корисен за сите нас, вклучувајќи ме и мене. Ние го поддржуваме максимално, изјави Хаверц.
Четириесет и седумгодишниот тренер го презеде Челзи во септември минатата година. Оттогаш, „сините“ одиграа 28 натпревари под негово водство, освоија 11 победи, 7 пати ремизираа и 10 пати загубија.
Вчера Челзи ја совлада Борусија Дортмунд во осминафиналето од Лигата на шампионите со 2:0 и се пласира во четвртфиналето. зс/
Фото: ЕПА