• петок, 22 ноември 2024

Хаверц: Бев малку нервозен, но го реализирав вториот пенал

Хаверц: Бев малку нервозен, но го реализирав вториот пенал

Лондон, 8 март 2023 (МИА) - Играчот од средниот ред на Челзи, Каи Хаверц ги сподели емоциите од осминафиналето на Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд (2:0). Германскиот играч за врска на овој натпревар постигна гол од 11 метри.

 

При првото изведување на пеналот, германскиот играч за врска ја погоди стативата, но судијата го повтори удар од 11 метри, кој Германецот го реализираше.

 

- Не знам што мислев кога топката ја погоди стативата, но судијата ме пушти повторно да шутирам. Бев малку нервозен, но постигнав гол. Се обидов да почекам и да го видам голманот и вториот пат беше малку полесен. Последните две недели беа тешки, загубивме многу натпревари. Вечерва беше важна, тоа е голем турнир и тоа е последниот трофеј што можеме да го освоиме. Покажавме карактер и дека сакаме да продолжиме во истиот дух, изјави Хаверц за „БТ Спорт“.

 

Челзи вкупно со 2:1 се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

 

Дваесет и тригодишниот играч за врска оваа сезона забележа 33 настапи за сините во сите натпреварувања, постигнувајќи седум голови и една асистенција.

 

Неговиот тим се наоѓа на 10. место во табелата во Премиер лигата со 34 бодови од 25 натпревари. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан