Хаарец: Израел може да го откаже или одложи планот за Газа доколку Хамас направи отстапки
- Истовремено, весникот ги објавува изјавите на неименувани израелски извори, кои наведуваат дека има мали шанси двете страни да успеат да ги надминат преостанатите несогласувања
Тел Авив, 12 август 2025 (МИА) - Неименувани дипломатски извори, на кои се повикува израелскиот весник „Хаарец“, изјавија дека израелското политичко раководство би можело да го откаже или одложи планот за воена окупација на градот Газа доколку палестинската милитантна група Хамас покаже подготвеност да направи значителни отстапки, во постигнувањето договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците.
Истовремено, весникот ги објавува изјавите на неименувани израелски извори, кои наведуваат дека има мали шанси двете страни да успеат да ги надминат преостанатите несогласувања, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Неименувани палестински извори запознаени со прашањето изјавија за „Хаарец“ дека подготвеноста на Хамас да постигне напредок во преговорите зависи од тоа дали Израел ќе се откаже од својот план за преземање на градот Газа.
Според весникот, главниот преговарач на Хамас, Калил ал-Хаја, е во Каиро како дел од напорите за оживување на преговарачкиот канал меѓу Хамас и Египет за постигнување договор за прекин на огнот во Газа.сд/
фото:МИА архива