• петок, 13 февруари 2026

Фудбалскиот второлигаш Тетекс од Тетово се засили со осум фудбалери 

Фудбалскиот второлигаш Тетекс од Тетово се засили со осум фудбалери 

Тетово, 13 февруари 2026 (МИА) - Осум нови фудбалери стигнаа во Тетекс во преодниот рок, а седуммина заминаа во нови клубови, информираат од управата на клубот. Двајцата од осумината нови играчи се голманите Амар Хаџибулуќ Голман, кој дојде од ФК Кожуф и Или Зибери од ФК Вардар Скопје.

-Во клубот пристигнаа и Максим Цониќ - ФК Беласица, Александар Анастасијески - ФК Скопје,Хисар Али - ФК Фероникели, Едис Бајрами - ФК Шкендија, Мартин Јованоски - ФК Работнички и Матеј Јордановски - ФК Вардар Неготино, информираат од ФК Тетекс. 

Ментор Салији, Аљтрим Јакупи, Даниел Николовски, Мухамед Амити, Даут Даути, Лука Гавроски и Генц Гаши, се седумте фудбалери кои заминаа од ФК Тетекс. 

Тетекс е домаќин на Вардар од Неготино на почетокот на пролетниот дел од првенството во Втората фудбалска лига на 21 февруари.  

Во првиот дел од сезоната Тетекс освои 17 бодови на 15-те натпревари и се најде на 11 место од 16 екипи. Имаше пет победи, два нерешени дуели, осум порази, гол разлика 26:28. ас/мд/

фото: МИА 

Остани поврзан