• недела, 22 декември 2024

„Френки гоус ту Холивуд“ повторно се обединуваат, ќе настапат како гости на Евровизија

„Френки гоус ту Холивуд“ повторно се обединуваат, ќе настапат како гости на Евровизија

Ливерпул, 28 април 2023 (МИА) - Британската поп-група „Френки гоус ту Холивуд“ (Frankie Goes To Hollywood) повторно се обединија - следи нивен настап за време на свеченоста на отворањето на Евровизија на 7 мај, вон натпреварувачкиот дел.

Гитаристот на музичкиот состав од Ливерпул, Брајан Неш изјави дека тој и остатокот од бендот „ќе почувствуваат малку 'скаузер' (ливерпулска) љубов“ при настапот во живо, прв по 36 години во нивниот роден град. Групата беше една од најпопуларните во Велика Британија во текот на 1980-тите, а нивните најголеми хитови беа „Two Tribes“, „Relax“ и „The Power of Love“. 

Tиe беа активни од 1980 - 1987 и 2004 - 2007 година.

И новиот настап ќе биде со оригиналната постава на составот каде што влегуваат Холи Џонсон, Неш, Пол Радерфорд, Марк О'Тул и Питер Хил.  си/ссм/

Фото: Википедија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан