Француски медиуми: Лидерот на центристите Бајру ќе се сретне со Макрон
- Францускиот центристички политичар Франсоа Бајру утрово треба да се сретне со претседателот на државата, Емануел Макрон, кој се очекува да именува нов премиер.

Париз, 13 декември 2024 (МИА) - Францускиот центристички политичар Франсоа Бајру утрово треба да се сретне со претседателот на државата, Емануел Макрон, кој се очекува да именува нов премиер.
Бајру, лидер на центристичката партија MoDem и се смета за еден од можните избори на Макрон за премиер, требаше да се сретне со претседателот во 8:30 часот, објавија француските медиуми повикувајќи се на извори. мс/
фото: МИА архива