• четврток, 22 мај 2025

Францускиот претседател Макрон пристигна во прекуокеанскиот департман Мајот

Францускиот претседател Макрон пристигна во прекуокеанскиот департман Мајот

Мамузу, 21 април 2025 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон пристигна денеска во прекуокеанскиот француски департман Мајот, со што ја започна својата петдневна турнеја низ Индискиот Океан, пренесуваат агенциите.

Авионот на шефот на државата, кој е придружуван од сопругата Брижит, слета во 8:15 часот по локално време во главниот град на територијата, Мамузу, прецизираат агенциите.

Макрон денеска треба да се сретне со локалните жители и народните претставници за да разговара за обновата на архипелагот, уништен на крајот на минатата година од циклонот Шидо.

Макрон ќе ги посети и соседниот департман на Мајот, Реунион, како и Мадагаскар и Маурициус. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан