Францускиот министер за надворешни работи, Баро пристигна во главниот град на Конго, Киншаса
- Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро пристигна во главниот град на Конго Киншаса, соопшти официјален претставник во претседателството на Конго. Посетата доаѓа додека бунтовниците поддржани од Руанда ја консолидираат контролата врз градот Гома во источниот дел на ДР Конго.
Киншаса, 30 јануари 2025 (МИА) - Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро пристигна во главниот град на Конго, Киншаса, соопшти официјален претставник во претседателството на Конго. Посетата доаѓа додека бунтовниците поддржани од Руанда ја консолидираат контролата врз градот Гома во источниот дел на ДР Конго.
„Францускиот министер за надворешни работи ќе биде примен од претседателот за неколку минути“, изјави Жискар Кусема, заменик-директор на прес-службата на претседателот Феликс Чисекеди.
Француски дипломат потврди дека Баро слетал во Киншаса неколку дена откако бунтовниците од групата М23, поддржани од армијата на Руанда, влегле во Гома и сега продолжуваат со напредувањето на југ.
Во францускиот Парламент Баро вчера рече дека нема воено решение за кризата и додаде дека Париз ќе направи се што е можно да им помогне на посредничките сили да ги прекинат борбите.
Акциите на Руанда во Конго предизвикаа силни реакции кај меѓународната заедница. ОН предупредија дека насилството може да ескалира во регионална војна. рп/
Фото: МИА архива