Францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер во работна посета на АВМУ
- Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги Зоран Трајчевски, денеска во просториите на Агенцијата оствари работна средба со амбасадорот на Република Франција во земјава, Кристоф Ле Риголер.
Скопје, 27 октомври 2025 (МИА) - Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги Зоран Трајчевски, денеска во просториите на Агенцијата оствари работна средба со амбасадорот на Република Франција во земјава, Кристоф Ле Риголер.
На средбата, како што информираат од АВМУ, соговорниците разговарале за повеќе прашања од областа на медиумската регулација, со посебен акцент на зголемувањето на присуството на француски аудиовизуелни содржини кај телевизиите кои се реемитуваат во земјава, како и на усогласувањето на националното законодавство со европската правна рамка, особено во делот на Актот за дигитални услуги (Digital Services Act – DSA).
На средбата било разговарано и за неопходноста од измени и усогласување на Изборниот законик, со кои би се надминале постојните недостатоци и би се одразиле современите состојби во изборниот и медиумскиот контекст.
На крајот на средбата, директорот Трајчевски и амбасадорот Ле Риголер ја потврдиле заложбата за продлабочување и интензивирање на соработката меѓу Агенцијата и Француската амбасада. дма/вј/
Фото:АВМУ