• сабота, 12 октомври 2024

Французинот Динар нов селектор на црногорските ракометари

Французинот Динар нов селектор на црногорските ракометари

 

Подгорица, 12 октомври 2024 (МИА) – Дидије Динар, членот на француската генерацијата која изминарите две децении доминираше во светскиот ракомет е нов селектор на репрезентацијата на Црна Гора.

Динар, како што соопшти денеска Ракометната федерација на Црна Гора, е десеттиот селектор на оваа земја, а клупата ја презема откако хрватскиот стручњак Владо Шола поднесе оставка во мај.

Динар ќе дебитира на црногорската клупа на 6 ноември против Финска во Подгорица на стартот од квалификациите за ЕП 2026 година.

Динар во својата кариера како ракометар и тренер освои дури 10 златни медали на најголемите натпреварувања!

Два пати го освои олимпиското злато со Франција (2008, 2012), три пати беше светски шампион (2001, 2009, 2011), а двапати се искачи на врвот на Европа (2006, 2010).

На клупски план освои четири трофеи во Лигата на шампионите на ЕХФ, а има неверојатни 11 титули во националниот шампионат, шест во Франција и пет во Шпанија.

Од 2016 до 2020 година беше селектор на Франција со која во 2017 година го освои светското злато. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан