• петок, 22 ноември 2024

Франција ќе воведе сертификати за вакцинација за отворање на економијата

Франција ќе воведе сертификати за вакцинација за отворање на економијата
Париз, 11 март 2021 (МИА) – Портпаролот на француската Влада, Габриел Атал изјави дека се разгледува можноста за воведување на потврди за вакцинација за Ковид-19, со цел за повторно отворање на економијата. Тој исто така наведе дека луѓето ќе можат да покажат потврда дека биле вакцинирани против Ковид-19 пред да влезат во ресторан или театар. Бројот на пациенти на интензивна нега во Франција е најголем од ноември минатата година. Во Ил де Франс, регион во кој спаѓа и Париз над илјада луѓе се на интензивна нега. Од понеделникот болниците откажаа 40 проценти од своите редовни активности, за да има простор за критичните пациенти. Во Франција речиси два милиона луѓе, од вкупното 67-милионско население , добиле по две дози вакцина против Ковид-19. Речиси сите жители од домовите за стари лица примиле по две дози вакцина. ми/

Остани поврзан