• недела, 05 мај 2024

Франција четврти пат европски првак во ракомет

Франција четврти пат европски првак во ракомет

Келн, 28 јануари 2024 (МИА) – Ракометарите на Франција го освоија златниот медал на Европското првенство во Германија совладувајќи ја Данска со 33-31 (27-27, 14-14) по продолжение во возбудливо финале одиграно вечерва пред 19.750 гледачи во Келн.

Лудовик Фабрегас со осум голови беше најефикасен во француските редови, додека Данците со девет голови ги предводеше Микел Хансен.

За актуелниот олимписки првак Франција ова е четврта европска титула до која дојде во своето четврто финале.

Во натпреварот за бронзениот медал, Шведска го совлада домаќинот Германија со 34-31.

Македонската репрезентација го заврши настапот на 16. Европско првенство на 17 место. ег/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан