• недела, 22 декември 2024

Франција планира да ги забрани електронските цигари за еднократна употреба

Франција планира да ги забрани електронските цигари за еднократна употреба

Париз, 3 септември 2023 (МИА) - Француската Влада има намера да ја забрани употребата на електронските цигари за еднократна употреба, најави премиерката Елизабет Борн во денешното интервју за радио РТЛ, пренесува Анадолија.

- Планираме да воведеме нов план против пушењето кој ќе ги забрани електронските цигари за еднократна употреба, тие предизвикуваат лоши навики кај младите, истакна Борн, но не прецизира кога забраната ќе стапи во сила.

Борн посочи дека пушењето е причина за 75.000 смртни случаи годишно во Франција и дека забраната за е-цигари за еднократна употреба ќе ги спречи младите да стекнат лоши навики.

И министерот за здравство на Франција, Франсоа Браун, досега неколкупати се изјасни за забрана на овој вид електронски цигари затоа што ги наведуваат младите на пушење и затоа што нивното еднократно користење е еколошки апсурд.

Иако веќе формално се забранети за малолетници, електронските цигари се особено популарни меѓу француските тинејџери.са/

Фото: Агенција Анадолија

Остани поврзан