• петок, 05 декември 2025

Франција и Германија изложија планови за подлабока соработка во областа на безбедноста

Франција и Германија изложија планови за подлабока соработка во областа на безбедноста

Париз, 29 август 2025 (МИА) – Франција и Германија денеска, во заедничка изјава, ги изложија плановите за подлабока соработка во областа на безбедноста, меѓу кои е и иницијатива за систем за рано предупредување за ракетни напади.

Во декларацијата, усвоена на заедничката седница на француската и германската влада во Тулон, на југот на Франција, се наведува дека француско-германската иницијатива која ќе биде отворена за партнери, ќе биде формализирана со писмо за намери.

Во документот, двете земји ја подвлекоа посветеноста на развојот на проектот за Главниот копнен борбен систем (MGCS) за тенкови. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан