• сабота, 23 ноември 2024

Франција го обвини Азербејџан за вмешаност во немирите на Нова Каледонија

Франција го обвини Азербејџан за вмешаност во немирите на Нова Каледонија

Париз, 16 мај 2024 (МИА) – Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин денеска го обвини Азербејџан за мешање во политиката на пацифичката територија Нова Каледонија.

- Ова не е фантазија … Жалам што некои од сепаратистите се договорија со Азербејџан … дури и ако има обиди за мешање … Франција е суверена на својот сопствена територија, истакна Дарман.

Немирите на Нова Каледонија почнаа на 13 мај поради уставната реформа, која предвидува промени на изборниот закон на француската територија. Националното собрание во Париз ја усвои реформата со 351 глас „за“ и 153 „против“, со која на илјадници француски граѓани на јужниот пацифички архипелаг ќе им се даде право на глас, а со тоа и поголемо политичко влијание.

Во немирите во Нова Каледонија едно лице е застрелано, а повредени се стотици луѓе, вклучувајќи околу 100 полицајци и жандарми. Десетици домови и деловни објекти биле запалени за време на немирите, а повеќе од 130 лица се приведени. Премиерот на Франција, Габриел Атал вчера изјави дека на Нова Каледонија ќе бидат распоредени дополнителни полициски сили. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан