• понеделник, 15 јули 2024

Фотографска изложба „Родовите приказни низ објективот“ на Ерина Богоева

Фотографска изложба „Родовите приказни низ објективот“ на Ерина Богоева

Скопје, 22 јуни 2023 (МИА) - Во „Мала станица“ во Скопје денеска ќе биде отворена фотографската изложба „Родовите приказни низ објективот“ на Ерина Богоева.

Како што најавија од Europe House Скопје, поздравни обраќања ќе има евроамбасадорот Дејвид Гир, како и авторката на изложбата.

Ерина Богоева е реномирана фотографка која се истакна со својата уникатна способност да го прикаже секојдневниот живот и личните приказни на луѓето. Во својата нова серија „Родовите приказни низ објективот“, таа се надева дека ќе ја покажe убавината на различноста како и флуидноста на родовиот идентитет, најмногу преку портретите на луѓето кои ги цени, но и преку нејзин автопортрет.бт/дма/

Фото/ pexels.com

Остани поврзан