• сабота, 06 декември 2025

Форумот на жени на Општинската оранизација на жени на СДСМ Велес  со остра реакција и осуда за негрижата на надлежните институции  за двојното убиство во Велес

Форумот на жени на Општинската оранизација на жени на СДСМ Велес  со остра реакција и осуда за негрижата на надлежните институции  за двојното убиство во Велес

Велес, 18 септември 2025 (МИА) - Граѓаните на Велес се сведоци на уште едно убиство врз жена, врз наша сограѓанка. Во Велес се случи двојно убиство и самоубоство поради нефункионалноста на институцаиите. МВР не успеа да ја заштити нашата сограѓанка Росица, иако таа повеќепати го пријавувала случајот за физичко насилство врз неа, посочи Благојка  Коцевска, претседателка на Форумот на жени на Општинската Организација на СДСМ - Велес на денешната прес-конференција.

Таа потсети дека од окомври 2024 година жртвата доживувала физички напади, психички малтретирања, закани,уцени, палење на автомобил, а за тоа не добила соодветна поддршка и помош. Јавно праша дали институциите постапиле? и одговори дека е „очигледно дека жртвата не добила соодветна заштита и дека системот на заштита потфрлил“.

-СВР Велес и Центарот за социјална работа не ја заштитија Росица, ова е доказ за нефукционалноста на интитуциите кои ги раководи ВМРО-ДПМНЕ. Ова е срам за ВМРО-ДПМНЕ. За овој случај мора да има одговорност и санкции за службените лица, кои не успеаја да ја заштитат Росица, рече Коцевска.

Таа од свое и името на сите жени во Велес и земјава, побара  одговорност од сите релевантни фактори кои требало да ја заштитат Росица и нејзиниот татко.

-Ова е уште еден фемицид поради непостапување на институциите. Дали после ова ние жените кои сме жители на овој град можеме да живееме без страв по нашите животи. Дали во иднина нашата безбедност ќе зависи од тоа дали нашата пријава за насилство ќе заврши во некоја фиока. Дали институциите ќе го запрат процесот на најтешкиот вид на родово насилство и до кога жените и девојките ќе бидат убивани само затоа што се жени, праша  Коцевска.

Таа потенцира дека двојното крваво убиство овој понеделник во Велес не е само трагичен настан, не е само немил настан, туку овој фемицид е системско убиство.

Инаку трагично починатите 31 годишната Росица и нејзиниот 74 годишен татко Кире денеска  на пладне беа погребани на семејните гробишта во црквата „Свети Пантелејмон“ во Велес.ад/вј/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан