• вторник, 05 ноември 2024

Формула 1: Леклер конечно победи во Монте Карло

Формула 1: Леклер конечно победи во Монте Карло

 

Монте Карло, 26 мај 2024 година (МИА) – Возачот на Ферари, Шарл Леклер победи на денешната трка во Формула 1 за Големата награда на Монако.

Леклер, кој стартуваше од пол-позицијата и водеше во текот на целата трка, победи за прв пат на домашната патека во Монте Карло и во својот роден град ја забележа шестата победа во кариерата.

Второто место го зазеде Оскар Пјастри од Мекларен, а третото Карлос Саинц од Ферари.

Возачот на Мекларен Ландо Норис го освои четвртото место, петти беше Џорџ Расел од Мерцедес, а шести актуелниот шампион Макс Верстапен од Ред Бул.

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон од Мерцедес го освои седмото место и освои дополнителен поен за најбрзиот круг на трката.

Денешната трка во Монако беше во прекин четириесетина минути поради инцидент во првиот круг кога возачот на Хас, Кевин Магнусен удри во болидот на Серхио Перез од Ред Бул.

Шампионатот во Формула 1 продолжува на 9 јуни со Големата награда на Канада. ег ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан