• понеделник, 23 декември 2024

Формиран нов Локален економско-социјален совет на Општина Битола

Формиран нов Локален економско-социјален совет на Општина Битола
Битола, 20 октомври 2022 (МИА) - Општина Битола формира нов Локален економско-социјален совет-ЛЕСС, со кој во наредниот период ќе претседава д-р Гордана Балтовска, претставник на Организација на работодавачи, вработена во АД Стопанска банка Битола. На конститутивната седница за заменик-претседавач на ЛЕСС е избран секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, и беше донесена одлука за измена на Деловник за работи на ЛЕСС со цел усогласување со потпишаната спогодба помеѓу Општина Битола, Организацијата на работодавачи и Сојузот на синдикати и Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија. - За мене како градоначалник, особено е важно конституирањето на овој совет да не остане само на хартија, туку од него да произлезе акциски план и годишна програма, за кои после периодот кој ќе го предвидиме, ќе можеме да кажеме дека во најголем процент се реализирани. Во овој контекст, отворен сум за постојана соработка со сите претставници на ЛЕСС – от, за да можеме пред сè полесно да ги надминеме моменталните предизвици со кои се соочуваме, но и да ги мотивираме младите да делуваат во својата општина, да создадеме услови за намалување на невработеноста, колку што можеме да  влијаеме на подобрување на состојбата со понудата и побарувачката на пазарот на трудот, да ги подобриме можностите за школување, згрижување на децата од предучилишна возраст, како и да иницираме решенија за подобрување на можностите за социјално ранливите категории, истакна градоначалникот Тони Коњановски во поздравно обраќање до учесниците и членовите на Локалниот економско-социјален совет на Општина Битола. мт/дма/

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан