• четврток, 29 август 2024

Формирани шеширите пред денешната жрепка во Лигата на шампионите

Формирани шеширите пред денешната жрепка во Лигата на шампионите

Монако, 29 август 2024 (МИА) - Познато е кои екипи од кој шешир ќе го чекаат денешното извлекување во фудбалската Лига на шампиони за главната фаза сезона 2024/25.

Шешир 1: Реал Мадрид, Манчестер сити, Баерн Минхен, ПСЖ, Ливерпул, Интер, Борусија Дортмунд, Лајпциг, Барселона.

Шешир 2: Баер Леверкузен, Атлетико Мадрид, Аталанта, Јувентус, Бенфика, Арсенал, Клуб Бриж, Шахтјор, Милан.

Шешир 3: Феенорд, Спортинг, ПСВ, Салцбург, Лил, Динамо Загреб, Црвена ѕвезда, Јанг Бојс, Селтик.

Шешир 4: Слован, Монако, Спарта, Астон вила, Болоња, Жирона, Штутгарт, Штурм, Брест.

Почетокот на жрепката во Монако е во 18 часот.

Наместо досегашната групна фаза, од оваа сезона ќе има единствена лига со 36 екипи. Ќе се игра по швајцарски систем. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан