• недела, 24 ноември 2024

Фон Дер Лајен: Државите мора да ја одредат цената на емисиите на јаглерод

Фон Дер Лајен: Државите мора да ја одредат цената на емисиите на јаглерод
Глазгов, 1 ноември 2021 (МИА) – Државите мора да ја одредат цената на емисиите на CO2 предизвикани од климатските промени, рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на самитот на ОН COP26. Фон Дер Лајен им се придружи на лидерите на повеќе од 100 земји во Глазгов на почетокот на конференцијата COP26, која ќе се обиде да ги финализира правилата за спроведување на Парискиот климатски договор од 2015 година. - Треба да се договориме за цврст пакет на правила, на пример, за да ги направиме глобалните пазари на јаглерод реалност. Да се одреди цената на јаглеродот, природата повеќе не може да ја плаќа цената, рече таа. Преговорите за изградба на пазар за трговија на емисии на јаглерод според Парискиот договор го доведоа до ќорсокак последниот самит на ОН за климата во 2019 година. ЕУ вети дека ќе ги намали емисиите за најмалку 55 проценти до 2030 година во однос на 1990 година, а Фон Дер Лајен ги повика другите земји да се обврзат за поголемо намалување на емисиите во оваа деценија. - Мора да дадеме силни ветувања за намалување на емисиите до 2030 година. Нулта нето емисии до 2050 година се добри, но не и доволни, рече таа. ЕУ преговара за нови зелени политики и затоа е пред многу земји кои поставија цели за климата далеку во иднината, но сè уште не се изработени закони потребни за да се оствари тоа. Предлозите вклучуваат постепено повлекување од продажба на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување до 2035 година и лансирање на втор европски пазар на јаглерод за градежниот и транспортниот сектор. јт/

Остани поврзан