Фон дер Лајен: Денес е добар ден за Европа
- Одлуката официјално на Украина и Молдавија да им се додели статус на земја кандидат за членство во ЕУ на Твитер ја поздрави и шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Брисел, 23 јуни 2022 (МИА) - Одлуката официјално на Украина и Молдавија да им се додели статус на земја кандидат за членство во ЕУ на Твитер ја поздрави и шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
„Денес е добар ден за Европа“, напиша таа, честитајќи им на претседателите на Украина и на Молдавија.
„Вашите земји се дел од европското семејство. Денешната историска одлука го потврдува тоа“, додаде Фон дер Лајен во објавата на Твитер. паг/