• понеделник, 23 декември 2024

Фон дер Лајен го осуди иранскиот напад врз Израел

Фон дер Лајен го осуди иранскиот напад врз Израел

Брисел, 14 април 2024 (МИА) - Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го осуди воздушниот напад на Иран врз Израел.

Во објава на мрежата Х утринава, Фон дер Лајен го повика официјален Техеран веднаш да ги прекине воздушните напади.

„Силно го осудувам бесрамниот и неоправдан напад на Иран врз Израел и го повикувам официјален Техеран и неговите претставници веднаш да ги прекинат овие напади“, порача Фон дер Лејен. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан