Фон дер Лајан: Имав добар разговор со Вучиќ
- Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајан денеска на Твитер напиша дека имала добар разговор со претседателот на Србија, Александар Вучиќ

Брисел, 26 јуни 2020 (МИА) - Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајан денеска на Твитер напиша дека имала добар разговор со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Таа истакна дека по изборите во Србија потребен е широ дијалог со сите политички сили за да се постигне напредок во реформите, што се потребни за земјата да се приближи до Европска Унија.
- Дијалогот со Косово е клучен, истакна Фон дер Лајан.
Таа додаде дека ЕК ќе ја поддржи обновата на Србија по пандемијата со Ковид-19. ми/