• сабота, 23 ноември 2024

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување потпиша меморандум за соработка со Црвениот крст и КХАМ

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување потпиша меморандум за соработка со Црвениот крст и КХАМ
Скопје, 30 декември 2020 (МИА) - Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија, потпиша два меморандума за соработка, едниот со Црвениот крст и другиот со Граѓанската организација КХАМ од Делчево. Во име на ФПИОСМ потписник беше в.д. директорката, Билјана Јовановска, а Црвен крст на РСМ беше застапуван од генералниот секретар, д-р Саит Саити. Целта на Меморандумот со Црвениот крст е преку взаемна соработка и помош да се обезбеди реализација на програмите од областа на крводарителството, првата помош, како и социјално – хуманитарната дејност, а во насока на потребите на пензионерите. Вториот Меморандумот за соработката, пак, го потпишаа   Јовановска и претставникот на ГО КХАМ, Зекир Абдулов. Предвидува соработка и помош помеѓу договорените страни, за да се овозможи навремено и ефикасно информирање на корисниците на пензија, како и пружање на правна помош на идните пензионери. Како што информираат од ФПИСОМ, ова е досега прва активност на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија склучена со граѓански организации.ар/са/

Остани поврзан