Фоден го именува својот идеален тим во историјата на Премиер лигата
- Крилниот напаѓач на Манчестер сити, Фил Фоден го состави својот тим од најдобрите играчи во историјата на Премиер лигата.

Лондон, 21 април 2024 (МИА) - Крилниот напаѓач на Манчестер сити, Фил Фоден го состави својот тим од најдобрите играчи во историјата на Премиер лигата.
Дваесет и тригодишниот Англичанец избра формација 4-4-2, поставувајќи ги Кристијано Роналдо и Тиери Анри во средниот ред.
Тимот на Фил Фоден од Премиер лигата: Едерсон, Кајл Вокер, Вирџил ван Дајк, Винсент Компани, Ешли Кол, Патрик Виеира, Давид Силва, Кристијано Роналдо, Тиери Анри, Вејн Руни и Серхио Агуеро.
Фоден забележа 159 настапи во Премиер лигата, постигнувајќи 49 гола и 25 асистенции. зс/
Фото: ЕПА