• четврток, 26 март 2026

Флотилата „Глобал Сумид“ навлезе во опасна зона, се приближува до градот Газа

Флотилата „Глобал Сумид“ навлезе во опасна зона, се приближува до градот Газа

Рим, 1 октомври 2025 (МИА) – Приватната флотила бродови „Глобал Сумуд“, што носат хуманитарна помош за Појасот Газа навлезе во област каде што ризикува да биде пресретната од израелските сили, објави Италијанската новинска агенција АНСА.

Според АНСА, бродовите се приближуваа кон градот Газа, но не се запрени.

Се наоѓаме на 130 до 135 милји од брегот на Газа. Не добивме никакви сигнали од Израел да застанеме, но сме во постојана готовност. Свесни сме дека би можеле да бидеме запрени за инспекција во текот на денот, изјави италијанскиот опозициски пратеник Артуро Ското, кој е дел од мисијата „Глобал Сумуд“.

Владата и претседателот Серџо Матарела ја повикаа флотилата да го стопира патувањето за да не загрози животи. Властите во Рим ги повикаа активистите да ја прифатат понудата на Католичката црква да ја преземат задачата за транспорт на хуманитарна помош во Газа.

Премиерката на Италија, Џорџа Мелони вчера повторно ја повика флотилата го да го запре патувањето, бидејќи тоа може да го загрози планот на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на војната во Појасот Газа. ми/

фото: ДПА

Остани поврзан