• недела, 20 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Флик откри кој ќе го започне „Ел Класико“, а кој ќе влезе од клупата

Флик откри кој ќе го започне „Ел Класико“, а кој ќе влезе од клупата

Барселона, 10 мај 2025 (МИА) - Се ближи натпреварот кој би можел директно да го одлучи шпанскиот шампион. Во недела ќе бидеме сведоци на уште едно „Ел Класико“ меѓу Барселона и Реал Мадрид.

Каталонскиот клуб беше елиминиран од Интер во полуфиналето на Лигата на шампионите. Барса имаше водство до 30 секунди до крајот на натпреварот, но Интер израмни и го однесе натпреварот во продолженија, а подоцна победи.

Од друга страна, сезоната може да се окарактеризира како неуспешна и за Реал Мадрид. Тие беа елиминирани од Арсенал во четвртфиналето на Лигата на шампионите, не го освоија Купот и заостануваат зад своите најлути ривали во лигата.

Сè можеше да се сврти за нив во Ел Класико, а тренерот на Барселона, Ханси Флик, сподели вести за здравјето на неговиот тим:

-Не верувам дека Балде и Левандовски ќе го започнат натпреварот. Ќе добијат минути во второто полувреме, изјави Германецот.

Марк Андре Тер Штеген се опорави, но сепак Шчесни ќе застане на голот.

-Шчесни ќе брани против Реал. Многу сум среќен со него и мислам дека е среќен во Барселона, истакна германскиот стручњак.

Дуелот помеѓу Барселона и Реал Мадрид е закажан за недела во 16:15 часот. дс

Фото: Архива

Остани поврзан