Флик: Мораме да работиме многу напорно за да стигнеме до финалето на ЛШ
- Тренерот на Барселона, Ханси Флик ги сподели своите очекувања за полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Интер.
Барселона, 30 април 2025 (МИА) - Тренерот на Барселона, Ханси Флик ги сподели своите очекувања за полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Интер.
- Гледам колку сите се фокусирани, сите разбираат колку е важно ова полуфинале. Победата над Реал во Купот на Шпанија е, се разбира, важна за расположението. Знаеме дека треба да работиме многу напорно за да стигнеме до финалето. Интер е сосема поинаков противник. Мислам дека нивната одбрана е една од најдобрите во Европа, но имаат и многу добар среден ред и двајца одлични напаѓачи. Ќе биде тежок натпревар и ние мора да бидеме подготвени, изјави Флик.
Полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите Барселона - Интер ќе се одигра вечер од 21 часот на Олимпискиот стадион во каталонската престолнина.
Во другото полуфинале на елитното фудбалско натпреварување играат Арсенал – ПСЖ (0:1 по првиот меч). зс/
Фото: ЕПА