Флечер по елиминацијата на Манчестер јунајтед во ФА Купот: Почнавме добро, но голот нè исфрли од курсот
- Привремениот тренер на Манчестер јунајтед, Дарен Флечер, го објасни поразот на тимот од Брајтон во 1/32 финалето на ФА Купот.
Манчестер, 12 јануари 2026 (МИА) - Привремениот тренер на Манчестер јунајтед, Дарен Флечер, го објасни поразот на тимот од Брајтон во 1/32 финалето на ФА Купот.
Натпреварот се одигра вчера на „Олд Трафорд“ и заврши 2:1 во корист на гостите. Бенџамин Шешко го постигна единствениот гол за „Црвените ѓаволи“.
- Измешани чувства. Почнавме добро, но голот нè исфрли од курсот. На полувремето, ги повикав играчите да ја движат топката побрзо и да не играат само смирено. Кога се вративме, си помислив: „Еве го тоа!“. Навивачите беа инспирирани, енергијата беше голема, но не можевме да ја завршиме работата и да израмниме. Тимот е доволно добар за да успее оваа сезона, но треба да се фокусираме на тоа, изјави Флечер за „ТНТ Спортс“.
Манчестер јунајтед го заврши својот настап во ФА Купот. Во домашното првенство, тимот е седми со 32 бода по 21 натпревар. зс/
Фото: ЕПА