• недела, 28 април 2024

ФК Лос Анџелес со прва понуда за Оливие Жиру

ФК Лос Анџелес со прва понуда за Оливие Жиру

Лос Анџелес, 25 март 2024 (МИА) - Фудбалскиот клуб Лос Анџелес ја испрати својата прва официјална понуда за напаѓачот на Милан, Оливие Жиру, објави експертот за трансфери Фабрицио Романо.

Американскиот тим ќе се обиде да го договори светскиот шампион од 2018 година со Франција на слободен трансфер на лето кога истекува договорот на ветеранот со Милан.

Според Фабрицио Романо, поранешниот француски репрезентативец Уго Лорис лично разговарал со Жиру за да го убеди да се приклучи на ФК Лос Анџелес во втората половина од сезоната во МЛС по завршувањето на Евро 2024, каде што искусниот напаѓач се очекува да игра за националниот тим на Франција за последен пат.

Триесет и седум годишниот фудбалер има 14 гола и 10 асистенции на 36 натпревари од почетокот на сезоната за Милан во сите натпреварувања. дс

Фото: Архива

Остани поврзан