• четврток, 04 декември 2025

ФК „Брегалница 1926“ Делчево славеше во меѓународен пријателски натпревар против Граничар од Бугарија

ФК „Брегалница 1926“ Делчево славеше во меѓународен пријателски натпревар против Граничар од Бугарија

Делчево, 31 август 2025 (МИА) – На градскиот стадион Гоце Делчев во Делчево денеска се одигра меѓународен пријателски натпревар меѓу екипата на Брегалница 1926 Делчево и гостите од Република Бугарија, Граничар од Логодаж.

Натпреварот заврши со победа на делчевскиот состав од 2:1, откако на полувреме резултатот беше израмнет (1:1). 

За Брегалница 1926 Делчево овој натпревар претставува дел од подготовките пред почетокот на натпреварувањето во Третата лига – Исток, каде што минатата сезона тимот заврши на второто место по есенскиот дел.

Во првото коло од новата сезона, делчевци ќе гостуваат кај екипата на Ударник од Пирава, а од клубот најавуваат борба за висок пласман и оваа година. вс/вј/

Фото: МИА

Остани поврзан