Фијала: Чешка ќе го преземе мнозинскиот удел во проектот за изградба на два нови нуклеарни блока
- Чешката влада денес се согласи на ажуриран модел на финансирање за изградба на два нови нуклеарни блока и ќе преземе мнозински удел во проектот вреден најмалку 18 милијарди долари од енергетската компанија ЧЕЗ, изјави премиерот Петр Фијала.
Прага, 30 април 2025 (МИА) - Чешката влада денес се согласи на ажуриран модел на финансирање за изградба на два нови нуклеарни блока и ќе го преземе мнозинскиот удел во проектот вреден најмалку 18 милијарди долари од енергетската компанија ЧЕЗ, изјави премиерот Петр Фијала.
Фијала во објава на мрежата Икс наведе дека договорите со јужнокорејската компанија KХНП, изведувач на работите, ќе бидат потпишани на 7 мај.
Чешката Република има две нуклеарни централи - Темелин и Дуковани. рп/
Фото: ЕПА