• вторник, 25 јуни 2024

Фијала: Првата пратка муниција во рамки на чешката иницијатива пристигна во Украина

Фијала: Првата пратка муниција во рамки на чешката иницијатива пристигна во Украина

Прага, 25 јуни 2024 (МИА) - Првата пратка муниција во рамки на чешката иницијатива за набавка на артилериска муниција пристигна во Украина, изјави денеска чешкиот премиер Петр Фијала.

„Првата пратка муниција од нашата иницијатива пристигна во Украина пред извесно време. Ние го правиме тоа што е потребно“, објави Фијала на платформата Икс.

Чешката Република во мај објави дека првите 50.000 до 100.000 артилериски гранати ќе стигнат до Украина во јуни. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан